Во кичевските училишта поставени вреќи за собирање пластичен отпад

Од:

Во рамките на проектот „Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“, кој го спроведува Центарот за развој на заедницата, денеска во кичевските училишта се поставија „Џамбо вреќи“ и постери со правила.

Здружението Центар за развој на заедницата, Кичево во соработка со три основни – Санде Штерјоски, Кузман Јосифоски – Питу и Д-р Владимир Полежиноски и две средни училишта – Мирко Милески и Дрита од Кичево и откупна фирма Евроконтакти од Прилеп, во следните 16 месеци, започнувајќи од јануари 2017 година до 30 април 2018 година во Кичево започна да го спроведува проектот „Иновативни локални алатки и пилот тестирање за селектирање, собирање и рециклирање на ПЕТ пластичен отпад од домаќинствата во Кичево“.

Проектот е со вкупен буџет од 46.637 американски долари, од кои 24.538 американски долари се обезбедени од страна на Глобалниот еколошки фонд програма за мали грантови Македонија, додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението Центар за развој на заедницата Кичево, петте училишта и откупната фирма Евроконтакти од Прилеп.

Четворицата едукатори веќе работат со учениците од основните и средните училишта во делот на едукација на самите ученици за целокупниот процес и на собирање, селекција и рециклирање на самата пластика. Во рамки на проектот на повеќе собирни пунктови во кичевските училишта денес беа поставени „Џамбо вреќи„ и постери со правила, истакна Елизабета Ристеска, проектен координатор.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит