Во Кичево општински натпревар по прва помош

Од:

Вкупно пет екипи учествуваа на денешниот општински натпревар по прва помош во Кичево што 25-ти пат го организира Црвениот крст. Две беа од средните училишта „Мирко Милески“ и „Дрита“, а три од основните „Санде Штерјоски“ и „Д-р Владимир Полежиноски“ од општина Кичево, како и „Јонуз Емре„ од село Лисичани, општина Пласница.

Учесниците се натпреваруваат во давање прва помош при различни повреди и состојби.

– Екипите се натпреваруваа во давање прва помош при скршеници, крварења, секојдневни повреди,…, а ги оценуваа лекари и стручни лица кои соработуваат со општинската организација на Црвениот крст. Се бараше подготвеност на кандидатите, брзина, пристап, употреба на санитетскиот материјал и креатвност, рече Емин Зејно, претседател на ОО Црвен Крст – Кичево.

Првото место во категоријата младина го освои екипата од СОУ „Дрита“, додека второто место и припадна на екипата од „Мирко Милески“. Во категоријата подмладок на трето место беше екипата од ОУ „Санде Штерјоски“, второто место и припадна на екипата на ОУ „Јонуз Емре“, а првото го освои екипата од „Д-р Владимир Полежиноски“.

Победникот од категоријата младина ќе учествува на државниот натпревар во септември во Скопје.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски