Во Кичево одржана јавна трибина „Твој глас-твое право“

Од:

Со цел подигнувањето на свеста кај жените за искористување на своето право на глас денеска во Кичево се одржа дискусија каде што беа присутни жени од целата општина.

Ова е третта трибина во рамките на проектот „Твој глас-твое право“, откако на првите две средби беа запознаени жените од поранешните општини Осломеј и Зајас.

На денешната трибина пред присутните предавање одржа професорот по меѓународно право Беким Кадриу.

Предавање, исто така, одржа и претседателката на форумот на жени од Куманово Фердезе Сулејмани.

Координаторот на овај проект Вериме Зимбери Белули истакна дека со денешната трибина се заокружува целокупниот проект „Твој глас-твое право“, за кој смета дека ја постигнал целта, иако и во иднина ќе се трудат да организираат вакви средби за што поголема еманципација на жената.

Би можело да ве интересира

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски