Во Кичево минатата година собрани 869 крвни единици

Од:

На територијата на општина Кичево минатата година беа собрани 869 крвни единици во 17 крводарителски акции во повеќе институции и организации, организирани од страна на општинскиот Црвен крст и Институтот за трансфузиологија.

Според Ивана Лазеска од Црвен крст-Кичево, во споредба со минатата година, во 2015 биле собрани 922 крвни единици, односно за 53 крводарувања повеќе од 2016 година, што значи благ пад на крводарувањата во 2016 во однос на 2015 година.

Со годишниот план кој го подготвуваат Црвен крст-Кичево и Институтот за трансфузиона медицина, по бројот на население предвидено е да се соберат од 1.300 до 1.500 крвни единици годишно односно 3 проценти од вкупниот број на население кое живее на територијата на општина Кичево.

Најчеста крвна група на овие акции е А позитив, додека најретка е АБ, потенцира Лазеска.

Интересот на граѓаните е на задоволително ниво, додека бројот на нови крводарувања од страна на млади лица е во нагорна линија, вели таа.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево