Во Кичево конференција за социјално вклучување за млади и жени

Од:

Локална конференција за социјална инклузија на млади и жени како почетна точка за континуирана работа, креирање на база за понатамошна соработка и развој на дијалог, по што Локалната платформа за социјална инклузија ќе работи на подготовка на стратегија за социјална вклучување на овие категории се одржа денеска во Кичево.

Целта на оваа локалната конференција е да се соберaт сите претставници на институции, граѓански организации кои работат со целни групи жени и млади и да учествуваат во формирањето на Локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Кичево – ЛАПСИ.

На конференцијата беше укажана важноста и потребата од стратешко планирање на локално ниво кога станува збор за социјалната инклузија на маргинализираните групи, а беа објаснети и фазите кои треба да се поминат за да се изработи стратегија во која секој чинител во локалната заедница ќе може да го даде својот придонес.

Исто така, беа дискутирани и доминантните проблеми на општината, како и постоечката програма за социјална заштита и заштита на децата на општина Кичево, а се со цел да се утврдат појдовните точки при изработката на стратегијата во понатамошната заедничка работа на локалната заедница.

– Овој проект е одлична можност сите локални чинители преку вмрежување во локалната активна платформа за социјална инклузија да го дадат својот придонес за креирање на стратегија која ќе ја отслика реалната состојба во општината, но и преку своите предлог мерки да придонесе за зголемување на нивото на вклученост на жените и младите за надминување на предизвиците со кои тие се соочуваат во секојдневниот живот, изјави Лилјана Јоноски, локален координатор на МАПСИ.

На конференцијата беше заклучено дека преку градење на локалната активна платформа за социјална инклузија на општина Кичево и континуираната соработка помеѓу институциите и организациите кои работат со млади и жени, а делуваат на територијата на оваа општина ќе се придонесе кон заедничко решавање на конкретни локални проблеми кои ги засегаат овие две целни групи.

Конференцијата е дел од проектот МАПСИ – Македонска активна платформа за социјалнаинклузија, кој го имплементира Институт за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид и партнерската организација Македонско женско лоби од Скопје, во организација на локалните координатори – Здружение за родова рамноправност Еманципирана Жена – Кичево.

Проектот МАПСИ е финансиран од IV ИПА компонента за развој на човечки ресурси од страна на ЕУ. Предвидено е 18 општини да креираат локални стратегии за социјална инклузија на млади и жени заедно со сите локални чинители.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка