Во Кичево ќе почнат градежни активностите за доизградба на објектот на болницата во овој град. Работите се очекува да почнат во април или мај оваа година.
Ова го најави при денешната посета државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев кој денеска беше во посета на Општата болница и Здравствениот дом во Кичево, при што оствари средба со директорката на Болницата Билјана Настевска и директорот на Здравствениот дом Џабир Бајрами.
– Министерство за здравство прави сериозни подготовки околу продолжување на градежните работи на недовршениот објект и негово комплетно завршување. Веќе сме во фаза за започнување на втората фаза на доизградба на објектот, а неговото довршување ќе чини околу 300.000.000 денари или пет милиони евра, а работите се очекува да започнаат во април или мај оваа година и истиот објект се очекува да се финализира во рок од две и пол години, изјави државниот секретар Милошев.
Тој додаде дека на средбата станало збор и за реформскиот процес што го спроведува Владата на Република Македонија, околу спојувањето на овие установи, онаму каде што ќе покажат анализите дека е оправдано и возможно.