Во Кичево ќе гласат 97 лица во домашни услови

Од:

Во Кичево утре ќе гласаат 97 граѓани кои поради болест или изнемоштеност побарале своето избирачко право да го остварат во своите домови. Во вториот круг од претседателските избори, за разлика од првиот круг, оваа бројка е поголема за 24 гласачи.

Преседателката на ОИК во Кичево, Антигона Сефери појасни дека бројот на дополнителните гласачи е зголемен поради не пријавување во предвиденото време во првиот круг.

Изборниот список во Кичево брои 50.351 граѓанин кои ќе имаат можност да гласаат во вториот изборен круг на 115 гласачки места.

-Утре ќе бидат подигнати гласачките материјали од 99 гласачки места, додека пак останатите ќе бидат подигнати во недела, информира Сефери и додаде дека на избирачкото место 0816 во Зајас- Џума се сменети сите десет членови на ИМ откако ДИК констатиташе нептавилности во оваа избирачко место во првиот изборен круг.

Би можело да ве интересира

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит