Во Кавадарци се запали „101” во движење

Од:

Во новиот центар на Кавадарци синоќа се запалила „застава 101“ во движење. Како што информира територијалната противпожарна единица, повредени нема, а екипите кои пристигнале веднаш по повикот, успеале да го изгаснат огнот.

Оштетени се делови околу моторот на возилото и предната внатрешна страна.

– Добивме повик за запален автомобил и отидовме на новиот кружен тек во градот најбрзо што можеме. Вистинска драма се случуваше таму. Возачот гледал да си ги спаси двете деца и сопругата, па кога видел дека избил пожар, најбрзо што можел ги извадил од автомобилот и сите застанале на пристојна далечина, гледајќи како гори возилото, соопштија од противпожарната единица.

Интервенирано било со едно возило и двајца пожарникари.

– Ако возилото вреди околу 500 евра со оглед на тоа што е постаро, тогаш, според првичните проценки, штетата е околу 200 евра. Најважно е сепак, што никој не е повреден, нагласија од противпожарната служба со апел, возачите да внимаваат особено ако нивните автомобили користат плин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени