Во Кавадарци 175 нови случаи од грип

Од:

Нови 175 случаи на грип се едидентирани во Службата за епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Кавадарци, соопшти денеска раководителот на Службата, Ристе Јовановски.

– Од октомври досега бројот на грипосани регистрирани во нашата служба изнесува 571. Морам да нагласам дека во оваа бројка не се влезени оние лица со грип кои се лекуваат во домашни услови и не побарале лекарска помош, но и оние кои матичните лекари не ги пријавиле кај нас, рече Јовановски.

Сезонава во Службата против грип се вакцинираа 656 лица од Кавадарци. Бројот на заболени од грип засега е помал од бројот во истиот период лани.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела