Во каменичко и беровско се гасеа пожари

Од:

Во Македонска Каменица успешно заврши акцијата за гаснење пожар кај местото викано „Барата“. Во акцијата како што информираше Малин Трајчевски, командир на ТППЕ од Македонска Каменица опожарена е сува трева, суви гранки и папрат.

– Нашите пожарникари само што се вратија од акцијата за гаснење на пожарот во село Саса. Пожарот избувнал во попладневните часови кај месноста Мршевелци кај местото викано „Барата“. Брзата реакција спречи ширење на огнената стихија која беше предизвикана од палење стрништа. Токму поради ова, уште еднаш апелираме да не се пали оган на отворено бидејки штетите можат да бидат ненадоместливи, истакна Трајчевски.

Освен во Македонска Каменица пожар се гаснеше и во беровско Двориште. Таму пожарникарите од Берово гаснеле нискостеблеста шума и сува трева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Горан Наумовски

Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Горан Наумовски

Активни се 12 пожари, пет се ставени под контрола

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање