Во избирачкиот список не се потпишала Фатиме Сулејмани, кој гласал место неа?

Од:

Потписот не е испишан од Фатиме Сулејмани, утврдил вештакот кој го ангажираше Државната изборна комисија. ДИК вчера побара да се направи оваа анализа, бидејќи Беса тврдеше дека таа кога дошла да гласа видела дека некој друг гласал во нејзино име поради што ИО не и дозволил да го оствари своето гласачко право. Ова пред малку го соопшти претседателот на ДИК Александар Чичаковски.

– Графолошката анализа покажала дека потписот не е автентичен – рече Чичаковски.

По ова за збор се јави Силвана Бонева која објасни дека за неа е сомнително тоа што Фатиме Сулејмани во ДИК била донесена од СДСМ, а не од Беса, која го поднела приговорот. Таа побара да се отфрли приговорот.

– Како нејзината лична карта се нашла кај друга госпоѓа и како таа вешто го имитирала нејзиниот потпис. Што ако се докаже дека личната карта намерно била дадена на друг – рече Бонева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа