Во источна Македонија гласањето се одвива без проблеми

Од:

Во Општина Штип гласањето се одвива без никакви проблеми. Лазар Хаџи-Николов член на Општинската изборна комисија(ОИК)-Штип вели дека од страна на 80 те избирачки одбори немаат пристигнато никакви забелешки или пак проблеми при гласањето на избирачките места. Излезеност за претседателските избори е 14,26 а за вонредните парламентарни избори е 14,31 проценти.

Во општина Радовиш утринава гласачкото место во село Смиљанци не е навреме отворено, односно со задоцнување од еден час. До оваа село се пристигнува по земјен пат, а поради врнежите од дожд надошла и реката. Претсеателот на ОИК-Радовиш, Јосип Ангелов вели дека членовите на избирачкиот одбор се транспортирани со теренско возило на полицијата.

-На територијата на Општина Радовиш гласањето се одвива без никакви проблеми и во демокртаска атмосфера, вели Ангелов.

Во источна Македонија на 373 гласачки места во 13 општини со право на глас се 162 403, а на списокот за иселеници регистрирани се 8 818 лица.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар