Во источна Македонија девет возила за јавен превоз исклучени од сообраќај

Од:

Секторот за внатрешни работи-Штип вчера при спроведената акциска контрола на патиштата во источна Македонија од сообраќај исклучила девет автобуси или комбиња, што вршат јавен превоз на патници, а на истите им се издадени и девет прекршочни патни налози.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека во акциската контрола биле контролирани 80 автобуси и други возила кои пренесуваат патници.

–Шеесет и две возила се упатени во станица за технички преглед. При контролите констатирани се неправилности, односно кај шест е утврдена неисправност на уред за запирање, кај две неисправен уред за управување, додека кај еден неисправни останати уреди. Преземени се вкупно 18 мерки по горенаведените прекршоци, односно девет се исклучени од сообраќај и издадени се девет прекршочни платни налози. Санкционирани се и 33 останати прекршоци, вели Панајотова.

Таа истакна дека и во наредниот период ќе имаат ваква акциска контрола низ патишта во источна Македонија.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он