Во инцидент кај скопско Мојанци ранет 56-годишен маж

Од:

Жител на Арачиново вчера се здобил со прострелна рана во инцидент во близина на селото Мојанци, во кој учествувала група од пет непознати лица.

Како што соопшти МВР, вчера во 14 часот во Полициската станица Гази Баба, И.Ј.(1959) од Арачиново, пријавил дека истиот ден околу 10 часот во близина на селото Мојанци на околу 6 километри, од страна на пет непознати машки лица вооружени со ловечки пушки и пиштоли и облечени во цивилна облека, извршено било кривично дело „предизвикување општа опасност“, на тој начин што едно од нив од огнено оружје испукало неколку куршуми кон него, по што лицата се одалечиле во непознат правец.
Со возило И.Ј. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била констатирана влезна рана од куршум во пределот на левиот бут, по што бил задржан на понатамошно лекување.

За настанот запознати се ЕНК-ОКД при СВР-Скопје и Основното јавно обвинителство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он