Во Хрватска се преврте македонски камион за пренос на автомобили, возачот е повреден

Од:

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот е повреден.

„Камион со платформа за превоз на други возила се преврте на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац“, пренесуваат хрватските медиуми.

Сообраќајот на автопатот А3 е затворен во источен правец и се пренасочува по заобиколен пат преку клучката Новска до клучка Окучани.

Несреќата се случила околу 17 часот и 5 минути, кога возило со македонски регистерски таблички се превртело, при што неколкуте возила кои ги пренесувал камионот испаднале.

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

Полицискиот увид на местото на несреќата е во тек.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он