Во градскиот буџет за 2019 година повеќе пари за животна средина, зеленило и социјала

Од:

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе го разгледува предлог-буџетот за 2019 година и Планот за програми за развој за 2019-2021 година, односно развојниот дел на Буџетот на Град Скопје.

„Со предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година се предлага максимален износ од 6,5 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во планираните средства влегува и дел од вишокот на приходи остварен од минати години во износ од 1 милијарда и 21 милиони денари.

Во структура на вкупно планираните приходи најголем процент на учество имаат даночните приходи со 38%, приходите од дотации со 25%, неданочните приходи со 7% и капиталните приходи 8%.

Планираните приходи и другите приливи по поединечните буџети од кои е составен вкупниот буџетот на Градот Скопје за 2019 година, е следното:

– Основен буџет – 4,4 милијарди денари;
– Буџет на дотации – 1,6 милијарди денари;
– Буџет на самофинансирачки активности – 304 милиони денари;
– Буџет на донации – 130 милиони денари;
– Буџетот на кредити – 10 милиони денари;

Предложените проекти во расходниот дел на Буџетот на Град Скопје за 2019 година, се изготвени согласно со стратешките приоритети на Град Скопје со кои се обезбедува ефикасно извршување на надлежностите и исполнување на потребите на граѓаните.

Во предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година приоритет е животната средина и одржувањето на зелените простори.

Според предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година, планирано е зголемување во буџетот за заштита на животна средина, каде што се планирани 186 милиони денари, што претставува речиси 32% повеќе од буџетот за 2018 година во кој за овој сектор беа предвидени 141 милиони денари.

Предложениот Буџет на Град Скопје за 2019 година е изготвен согласно со насоките за подготовка на буџетот на единиците на локалната самоуправа – Буџетски циркулар за 2019 година, како и согласно со измените на Закон за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Сите предложени програмски проекти од различните области во рамки на законските надлежности на Град Скопје, се планирани внимателно, а во насока на здрава животна средина и воспоставување концепт на одржлив развој, а со тоа и приближување кон политиките на Европска Унија и нејзините принципи.

Зголемување има и во буџетот за социјала, кој за 2019 се предлага да биде 102 милиони денари, во споредба во годинешниов кој изнесуваше 78 милиони денари. Зголемување има и во делот за изградба на паркови и зеленило за над 50 милиони денари. Во делот на урбанистичкото и просторно планирање и уредување на градежното земјиште се предвидуваат средства во износ од 1.384.280 денари за капитални расходи.

Буџетот на Град Скопје претставува годишен план на приходи и други приливи и одобрени средства и ги вклучува основниот буџет, буџетот на дотации, буџетот на самофинансирачки активности, буџетот на донации и буџетот на заеми“, се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот