Во Гостиварско поголем одѕив за парламентарните избори

Од:

Во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше, гласањето во вториот круг за претседател и на предвремените парламентарни избори се одвива без особени забелешки, информираат од трите општински комисии.

Според првичните резултати, до 10 часот во општина Гостивар од 76.883 гласачи (втор круг претседателски) и 74.834 (парламентарни), правото на глас го искористиле 2.958 (3,85 отсто) за претседател и 4.775 (6,38%) за пратеници.

Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за претседател од запишаните 24.289 граѓани и за параламентарни 23.889 на галсање излегле 492 за претседател, а за парламентрани 1.770 граѓани.

Во Маврово-Ростуше, од запишаните 9.255 (втор круг) и 9.000 (парламентарни) својот глас го дале 511(5,41 отсто) за претседател и 524 (5,82 отсто) за пратеници.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември