Во Гостиварско отворени сите избирчки места

Од:

Според информации од трите општински комисии во гостиварскиот регион, Врапчиште, Гостивар и Маврово-Ростуше, гласањето на предвремените парламентарни избори и во вториот круг за претседател, утрово започнало на сите избирачки места.

Во општина Гостивар правото на глас можат да го искористат  76.883 граѓани за вториот круг од претседателските избори и 74.834 за предвремените парламентарни избори, на 119 избирачки места.

Во општина Врапчиште, на 39 избирачки места, за претседател гласаат 24.289 граѓани, за параламентарни 23.889 граѓани. Во Маврово-Ростуше, 9.255 граѓани во втор круг и 9.000 за парламентарни избори ќе можат да гласаат на 39 избирачки места.

Од општинските изборни комисии потврдија дека изборниот материјал е навреме доставен и дека гласањето започнало на време.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември