Во Гостивар водата не е за пиење, во Тетово има рестрикции

Од:

Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издала забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар.

На јавното комунално претпријатие „Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, соопштија денеска од АХВ, наредено му е да ги извести граѓаните за забраната, односно дека водата во градскиот водовод не е безбедна за пиење и да обезбеди питка вода за пиење.

– По издадените наредби од инспектор за храна на АХВ, ЈКП „Комуналец”, постапило веднаш. Во саботата, земени се 4 мостри за бактериолошко и физичко – хемиско тестирање на водата од градскиот водовод, со акцент на присуство на манган, од различни локации, и од страна на инспекциските служби на АХВ и Институтот за јавно здравје Скопје и од Центар за јавно здравје Гостивар, чии резултати се уште не се добиени, се појаснува во соопштението од АХВ.

ЈКП „Шар“ од Тетово информира поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на засега е целосно затворен. Градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а екипи на ЈКП „Шар” се на терен за брзо решавање на проблемот. Ограничување на водата во градскиот водовод ќе има од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите