Во Гостивар презентирани мерките за подобрување на животот на ромското население

Од:

На отворена средба во Гостивар, министерот без ресор Самка Ибраимовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите ва Македонија, вчера ги презентираше мерките и активностите од владината програма кои се во насока на подобрување на животот на ромите. Пред присутните во малата сала во Центарот за култура АСНОМ, тој појасни кои права им следуваат и како да дојдат до нивно остварување.

Според Ибраимовски, промените кон подобро што е резултат на спроведувањето на планираното во владината програма, ромското население за брзо време ќе започне да ги чувствува.

– Акцентот и приоритетот на мојот кабинет ќе биде ставен во делот на домувањето, образованието и вработувањето преку нудење на нови програми за самовработување од Агенцијата за вработување. Тоа се нашите приоритети што ги определивме до крајот на 2017 и за следната 2018 година, изјави министерот.

На средбата беше нагласено дека планираното зголемување на социјалната парична помош за четиричлено смејство ќе изнесува 12 илјади денари месечно.

Министерот Ибраимовски објасни дека покачувањето ќе се одвива во две фази и ќе започне од идната година со годишната обнова на документите на корисниците. Меѓу поважното што го истакна Ибраимовски е и тоа дека социјалната помош нема да им се крати на семејствата кои остваруваат некакви ниски приходи. Како пример посочи дека семејство кое има приход од 8.000 денари месечно државата ќе му се додаваат уште 4.000 за да ја достигне сумата од 12 илјади денари, подвлече Ибраимовски.

Презентацијата на мерките за подобрување на состојбата на Ромите, по првата во Гостивар, според најавите ќе има и во други градови. Ибраимовски до крајот на месецов вакви средби ќе има и во Кочани и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело