Во Гостивар до 13 часот гласале 13,4 отсто на претседателски и 23,3 на парламентарни избори

Од:

Според првичните резултати, до 13 часот во општина Гостивар на вториот круг претседателски избори гласале 10.337 (13,45 проценти) од запишаните 76.883 граѓани, а на парламентарните избори правото на глас го искористиле  17.470 (23,35 отсто) од  евидентираните 74.834.

На 39 избирачки места во општина Врапчиште, за претседател од запишаните 24.289 граѓани гласале 2.231 (9,21 проценти), а за парламентарните избори од запишани 23.889 гласале 4.167 граѓани или 19,22 отсто.

Во Маврово-Ростуше за претседател гласале 1.510 (16.14 проценти) од запишаните 9.255 и 1.580 (17,53 проценти) од 9.000 евидентирани гласачи за парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември