ВИДЕО: Во Ѓорче Петров почна големата акција за чистење на Скопје

Од:

Скопскиот градоначалникот Петре Шилегов денеска ја најави големата акција за чистење на главниот град во која јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во соработка со скопските општини ќе ги чистат сите градски и општински улици и парковите.

Акцијата почна од општината Ѓорче Петров, со чистење на улиците „Ѓорче Петров“, „4. Јули“ и „Социјалистичка зора“, а ќе продолжи на другите улици. Од Град Скопје вонредно се ангажирани над 100 работници, кои заедно со луѓето кои општините редовно ги имаат ангажирано ќе влезат во секоја улица со цел да се подигне нивото на хигиената.

– Секоја седмица ќе бидеме во различна општина. Започнуваме во општина Ѓорче Петров, ќе продолжиме со чистење во Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, а потоа и во преостанатите општини на територија на градот. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме нивниот глас дека градот треба да биде почист, изјави Шилегов. Апелираше да ја дочекаме зимата со чисти улици и со помалку прашина што води до помало загадување на воздухот.

На денешната акција за чистење во Ѓорче Петров присуствуваше и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани и претставници од општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски