Во гимназиите во Дебарско за второто пријавување слободни 472 ученички места

Од:

Во трите средни државни училишта, колку што функционираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, за второто пријавување за упис во прва година, за учебната 2018/2019 година има 472 слободни ученички места.

Во најголемото средно училиште во овој регион, гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар, каде наставата се изведува на македонски и албански наставен јазик, според секретарот на училиштето, Шабан Алајбегу слободни се 304 ученички места.

– Од вкупниот број слободни места за упис, 128 ученички места се за настава на македонски и 176 на албански наставен јазик, од кои 34 или една паралелка градежно-геодетска настава, за која во првото пријавување, за упис, не се пријави ни еден ученик, вели Алајбегу.

Во гимназијата „Маврово-Ростуше“ во Ростуше, каде наставата се изведува на македонски јазик, во првото пријавување запишани се 32 ученика, што значи дека за вторто пријавување слободни се 70 ученички места.

Спооред директорот Аќиф Селман, во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде наставата се изведува на македонски и турски наставен јазик има 98 слободни места за упис во прва година. Од нив, додава тој, 34 се за паралелката на македонски, каде во првото пријавување не е запишан ни еден ученик и 64 на турски наствен јазик, каде во првото пријавување се запишани четворица ученици.

Од трите образовни инситуции наведуваат дека и за второто пријавување за гимназиска насока се потребни минимум 60 додека за градежно геодетска насока 45 поени. Напоменуваат дека за второто, августовско пријавување, како и изминатите години, ќе побараат од Министертвото за образование и наука, намалување на минимумот поени.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март