Во Гевгелиско се расчистуваат одводните канали и речните корита

Од:

Општина Гевгелија продолжува да ги чисти одводните канали и речните корита што по обилните врнежи можат да предизвикуваат штети на земјоделски посеви долж нивното течение.

Посебен акцент, информираат од Општината, се става на расчистување на коритото на Сува Река, чиј зголемен водостој лани предизвика штети на мостот што ги поврзува двете крајбрежја. Акцијата се изведува континуирано поради тоа што на јужното крајбрежје се наоѓа и привремениот транзитен центар за бегалци „Винојуг“.

Се расчистуваат и коритото на Мрзенска Река и одводниот канал кој минува низ градот Гевгелија. Според надлежните од Општината било извршено машинско чистење и на каналите во населените места Милетково, Богородица и Негорци.

За сите зафати околу чистењето и редовното одржување на каналите и речните корита, општина Гевгелија обезбеди околу 5,4 милиони денари од кои дел се финансиска подршка од УНХЦР.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно