Во Гевгелиско до 17 часот одѕивот преку 60 отсто

Од:

Во општина Гевгелија, според податоците од ОИК, до 17 часот на гласање излегле 12.739 граѓани од вкупно 19.509 евидентирани гласачи. Процентот на избирачи кои гласале за шеф на државата изнесува 65,3 отсто, а за новиот парламентарен состав 65,4 отсто.

Правото на глас во општина Богданци до 17 часот го искористиле 4.343 од вкупно 7.009 гласачи односно 62 отсто од нив гласале во вториот круг од претседателските и на предвремените парламентарни избори.

На осум избирачки места во општина Дојран заклучно со 17 часот од вкупниот број евидентирани гласачи за претседател на државата гласале 65,6 отсто, додека за новиот парламентарен состав гласот го дале 65,63 отсто од гласачкото тело.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада