Во Гевгелија започна асфалтирање на неколку улици

Од:

Од денеска до средината на овој месец во Гевгелија ќе се асфалтираат неколку нови улици, некои ќе бидат само реконструирани, а речиси на сите ќе бидат санирани ударните дупки, соопштија од општинската информативна служба.

– Почнавме со поставување павер елементи на дел од улицата „Деко Ковачев“ и уредување на една улица во населбата „Караорман“, а за асфалтирање ја подготвивме новата улица „Александар Сингер“. Покрај ова планирано е целосно реконструирање и асфалтирање и на улицата „Македонија“ во централниот дел на градот, велат надлежните од општината кои појаснија дека овие дејствија ќе се одвиваат истовремено со асфалтирањето на новиот кружен тек кај поранешна Касарна, на крстосницата од улиците „Маршал Тито“, „Момински пат“ и „Ристо Бојмалиев“.

За асфалтирање и бетонирање улици до крајот на годината, општина Гевгелија од сопствениот буџет ќе издвои 11,6 милиони денари од кои над 7 милиони за асфалтирање, а останатите за бетонирање на помали улици и краци во градот и поголемите населени места.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло