Во Гевгелија замена на старите водомери со нови, дигитални

Од:

Во Гевгелија се заменети 2.724 стари со нови дигитални водомери кои овозможуваат далечинско отчитување на потрошената вода и големо намалување на загубата.

Ова се првите резултати од проектот што се реализира во општина Гевгелија во соработка со Министерството за транспорт и врски и германската КФВ банка за обнова и развој.

– Проектот за намалување на загубата на вода за пиење ќе продолжи да се спроведува континуирано додека не бидат заменети сите стари со нови дигитални водомери, односно до моментот кога ќе обезбедиме услови за полесно стопанисување и контрола над потрошувачката и загубата на водата за пиење, рече директорката на ЈП „Комуналец“ Убавка Вегова.

Вегова потврди дека деновиве почнала и акцијата за замена на водомерите во колективните станбени објекти каде што екипите на „Комуналец“ ќе инсталираат 1.300 вертикални дигитални водомери.

За реализација на проектот, КФВ банка на Општина Гевгелија и додели кредит од 543.860 евра.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно