Во Гевгелија се поставуваат нови автобуски постојки

Од:

Согласно програмата за комунално уредување на општина Гевгелија за оваа година и резултатите од спроведената електронска аукција за приоритетните потреби на граѓаните, во сите населени места ќе бидат поставени нови автобуски постојки.

Акцијата почна денеска во Негорци, а од утре ќе продолжи во останатите населени места на територијата на општина Гевгелија. На определени локации од општината,постојките се поставуваат во центарот на населените места заради заштита на патниците додека ги чекаат автобусите, но и за означување на автобуската станица.

Од општина Гевгелија информираа дека ќе бидат поставени вкупно 12 типизирани автобуски постојки чија што набавна вредност изнесува 860.000 денари.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно