Во Гевгелија позитивно решени околу 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби

Од:

Во периодот од 1 март 2011 до истекот на претходниот месец,или поточно за нешто повеќе од девет години, во Одделението за урбанизам на Општина Гевгелија биле доставени 6.012 барања за легализирање на бесправно изградени објекти, а 90 отсто од нив се решени позитивно.

– Согласно Законот за постапување, голем број од предметите, поточно 5.354 барања, или околу 90 отсто од нив, се позитивно решени, но има и такви кои сеуште не ги исполнуваат уловите за легализирање поради непоседување комплетна документација. Сите тие не се градени според законската регулатива, туку спротивно на Правилникот за стандарди за вклопување на бесправните објекти во урбанистичко планската документација, велат од надлежната општинска служба.

Од Општина Гевгелија потврдија дека до истекот на последниот рок на 1 март 2021 година за решавање се останати уште 658 барања.

Би можело да ве интересира

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно

38-годишен маж од Гевгелија е пронајден мртов во семејниот дом

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Гевгеличанец лажел дека е полицаец и дека е роднина на повреден од Кочани

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло