Во Гевгелија одбележани 113 години од смртта на илинденецот Сава Михајлов

Од:

Со пригодна свеченост денеска во Гевгелија беше одбележана 113 годишнината од смртта на илинденецот Сава Михајлов, кој на денешен ден во 1905 година сам си го одзел животот во селото Смол, гевгелиско, во нерамноправната борба со турскиот аскер.

Пред спомен бистата на Сава Михајлов, посставена во центарот на градот, цвеќе положија општинска делегација предводена од градоначалникот Сашо Поцков и делегации на политички партии, борци, пензионери и здрушенија на граѓани од Гевгелија.

– Сава Михајлов е учесник во Илинденското востание. Во тоа време заедно со Аргир Манасиев организирале диверзија на мостот Вардар кај Гевгелија, а учествувал во уште многу акции и борби против отоманскиот поробувач. Неговото име во Гевгелија никогаш нема да исчезне. По него беше наречен и првиот партизански одред, кој беше формиран во гевгелискиот регион, рече во своето обраќање Ристо Марковски, претседател на боречката организација од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно