Во Гевгелија намален бројот на нарушувања на јавниот ред и мир

Од:

Состојбата со јавниот ред и мир во општина Гевгелија минатата година била стабилна и не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем, оценија денеска од Полициската станица за општа надлежност во Гевгелија.

Според надлежните, бројот на нарушувања на јавниот ред и мир лани дури е намален на 94 во споредба со регистрираните 103 нарушувања на јавниот ред и мир во претходната 2015 година. Покрај ова, изминатава година биле предизвикани 125 прекршоци од кои поголемиот број,п оточно 47 се однесуваат на физички напади, 22 на пијанство и 10 пријави биле поднесени за слушање гласна музика.

Намалениот број на нарушувања на јавниот ред и мир е резултат на мигрантската криза која се уште беше актуелна во првата половина од 2016 година. По затворањето на „балканската рута“ надлежните од гевгелиската полициска станица посочија дека на територијата на општината е зголемено присуството на криминални групи од Скопје и Радовиш кои организираат криумчарење на мигранти со помош на криминални структури од Гевгелија, Богданци и Дојран.

Би можело да ве интересира

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски