Во Гевгелија манифестација „Пензионерите пеат“

Од:

Гевгелиското здружение на пензионери, денесска беше домаќин и организатор на манифестацијата „Пензионерите пеат“ на која настапија групи на пензионери од Богданци, Валандово, Демир  Капија, Неготино, Велес, Прилеп, Битола и градот домаќин Гевгелија.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов кој во своето обраќање им посака добро здравје и нивниот живот и понатаму да им биде весел и распеан како убавата македонска песна.

Претседателот на Сојузот на пензионери на Република Македонија, Драги Аргировски, во своето обраќање истакна дека годинава Сојузот го слави големиот јубилеј 70 години пензионерско организирање во Македонија, а посебен акцент стави на последната најактивна декада во која Сојузот стана лидер и пример на пензионерска асоцијација  во опкружувањето и пошироко на Балканот.

Во знак на успешната соработка со општина Гевгелија,Аргировски на градоначалникот Франгов му го додели високото пензионерско признание Плакета од Сојузот на пензионери на Република Македонија, а признание за истакнат активист од гевгелиското здружение на пензионери доби Ристо Франгов.

Би можело да ве интересира

Возач на Итна помош истепал лекар во Гевгелија

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on