Во Гевгелија лани 122 дозволи за градба

Од:

Во Гевгелија забележлива е градежна експанзија, особено на станбени и стопански објекти со кои градот се шири на запад во станбената населба Караорман, на север во населбата Мрзенски рид и на југ во населба Касарна.

Ваквата констатација беше поткрепена и од општинското Одделение за урбанизам од каде потврдија дека во текот на изминатата година, согласно со Законот за градење, се издадени 122 одобренија и решенија за градба.

„Најголемиот број на издадени одобренија и решенија се однесуваат на градење индивидуални станбени објекти, во прв ред во населбите Караорман и Мрзенски рид, како поатрактивни поради посебниот режим на градење како и во населбата Касарна во јужниот дел од градот. Сите градежни парцели општината ги продаде по пат на електронско јавно наддавање“, велат од Одделението за урбанизам на општина Гевгелија.

Покрај ова, дел од издадените одобренија се однесуваат и на новоизградените стопански капацитети во индустриската зона Сува Река, лоцирана во јужниот дел на Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно