Во Гевгелија „Коледарски хепенинг“ по 25. пат

Од:

Во пресрет на големиот христијански празник Божик, вечер на отвореното ракометно игралиште на Градскиот стадион во Гевгелија по јубилеен 25. пат ќе се одржи манифестацијата „Коледарски хепенинг“.

Граѓаните на општина Гевгелија и многубројните гости кои доаѓаат од соседна Грција, ќе имаат прилика да си ги честитаат празниците покрај големиот коледарски оган со топол чај, вино и лесна закуска. Покрај коледарскиот оган ќе се делат бадниковите гранчиња за здравје, среќа и бериќет во Новата година.

Јубилејниот „Коледарски хепенинг“ на кого годинава присутните ќе ги забавуваат пеачи и ансамбли од Гевгелија, сите овие години претставува настан кој ги сплотува граѓаните на општина Гевгелија преку коледарско-бадниковата традиција.

Верни на традицијата ќе останат и жителите на селото Негорци каде вечер по 21 пат ќе се запали коледарскиот оган со шупливо јаворово дрво високо десетина метри. Негорчани велат дека се горди на својата манифестација не поради големината на огнот, туку поради тоа што единствено кај нив се палат стари и шупливи дрва кои повеќе не вегетираат.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија