Во Гевгелија дводневна обука за интеграција на бегалци и странци

Од:

Во Гевгелија денеска почна дводневната обука на тема „Интеграција за бегалци и странци“ која се одржува во организација на Регионалниот центар за одржлив развој.

Обуката, според организаторите, се спроведува заради поттикнување на заштитата на човековите права на мигрантите и претставува дел од активностите на проектот „Поддржи ме! Заштити ме!-јас сум човек“ чија реализација е финансирана од Европската унија.

– Целта на обуката е учесниците да се запознаат со содржините на стратегијата на интеграција, меѓународните стандарди за интеграција и улогата што ја имаат меѓународните и граѓанските организации, како и локалната власт во процесот на интеграција на бегалци и странци, односно нивно прифаќање, домување, образование и вработување, велат организаторите.

Обуката ја следат претставници од институции, граѓански здруженија и активисти за човекови права од Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски