Во Гевгелија досега легализирани 1.552 објекти

Од:

Во одделението за урбанизам на општина Гевгелија досега се легализирани 1.552 објекти од поднесените 4.120 барања.

Од надлежната комисија информираа дека постапувајќи по одредбите од Законот за легализација на бесправно изградени објекти, само за еден месец се изработени 2.321 заклучоци врз основа на поднесени барања и оти сите тие ќе се решаваат откако за нив ќе бидат доставени геодетски елаборати од страна на подносителите. По доставувањето на заклучоците,подносителите на барања за легализација на објекти се должни геодетските елаборати да ги достават најдоцна до 17-ти јуни 2014-та година.

Од страна на комисијата за легализација досега се одбиени 41 барање, а за 74 постапката е прекината.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно