Во Гевгелија денеска гласаа 332 болни и 54 затвореници

Од:

Еден ден пред официјалниот старт на процесот на гласање за кандидатите за градоначалници
и листи за општински советници на локалните избори 2013 година, денеска од страна на
претставници на избирачките одбори во Гевгелија се спороведува гласањето кај болните лица
и оние што издржуваат казна затвор во казнено-поправните институции.

Во општина Гевгелија таков статус имаат 332 болни лица, кои поради немоќ не можат да
дојдат до гласачките места, па гласаат во присуство на членови на избирачките одбори во
својот дом, и уште 54 граѓани со право на глас, кои издржуваат казна затвор во КПУ „Затвор“ во
Гевгелија.

Нивните гласови ќе бидат ковертирани и отворени по завршувањето на гласањето утре по
19:00 часот и ќе бидат додадени на севкупните резултати од гласачкиот ден, соодветно во
изборната единица каде што припаѓаат според избирачкиот список, според адресата на
живеење.

Останатите 19.005 гласачи, од вкупно регистрираните 19.391 граѓани со право на глас во
општина Гевгелија, ќе можат да го остварат своето избирачко право во текот на утрешниот
изборен ден, на 35 избирачки места во општината, во периодот од 7 до 19 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија