Во гаснењето на пожарите ангажирани и 450 полицајци

Од:

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 05.08.2021 до 07.00 часот денеска (06.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани околу 450 полициски службеници, како и 165 мото-патроли и 148 возила информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во текот на посочениот период, во непосредна близина на пожарот кај месноста „Стара депонија“ во Штип бил затекнат С.Г. (57) од Штип со патничко возило „опел астра“, во кое при контрола се пронајдени изгорени пружини, за кои појаснил дека ги палел за да ги продаде како отпадно железо. Известен е Јавен обвинител, а по комплетирање на материјалот ќе следи соодветен поднесок.

На 05.08.2021 во 20.10 часот на репетитор Водно од страна на полициска патрола се затекнати три лица кои се движат во шумски појас и тие биле задржани во полициска станица, по што против нив е поднесен соодветен поднесок.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

Би можело да ве интересира

Загреб: МВР потврди дека е уапсена мајката на детето кое се бара во Сава

Продолжува потрагата по девојчето кое исчезна во реката Сава во Загреб

Горан Наумовски

Загреб: Прекината е потрагата по тригодишното девојче кое исчезна во Сава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трагедија во Загреб: Мајка влегла во Сава со своето девојче

Горан Наумовски

Мајка со дете влегла во Сава, во тек е потрага по детето

Горан Наумовски

Српските специјалци го ликвидираа убиецот од Јагодина