Во движење се запалил автомобилот на Стопанската комора за енергетика, изгорел за три минути

Од:

Во возење се запалил автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков. Тој патувал со сопатник, а пожарот настанал кога стигнал кај обиколницата во близина на Визбегово спрема Скопје север. На терен не излегол јавен обвинител, бидејќи возилото се запалило во момент на движење. Тоа значи дека нема елементи на кривично дело.

„Брзата интервентна полиција која беше во близина и Противпожарната екипа која веднаш реагираше, НЕ успеаја да го изгаснат возилото ‘Мерцедес С200’ црна боја, кое изгоре до ‘темел’ за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“, информираа од Стопанската комора за енергетика.

Од МВР за „А1он“ потврдуваат дека е излезено на терен по пријава за пожар на автомобил.

„На 21.12.2021 во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице