Во двете акумулации Липково и Глажња има доволни колични вода за Куманово

Од:

Во двете акумулации Липково и Глажња има доволни колични вода, информираат надлежните од водостопанство „Кумановско-липковско поле“. Според последните мерења во двете акумулации има 9 милиони кубни метри вода, количина доволна за потребите на Куманово.

– Оваа година очекуваме поголеми успеси бидејќи минатата година Владата инвестираше средства во системот за наводнување, конкретно за санација на затворачите на браната Липково и за ревитализација на затворачите на браната Глажња, вели директорот на „Кумановско-липковско поле“, Филип Филиповски.

Според Филиповски, станува збор за витални делови,а за нивно осовременување, Владата инвестирала 10 милиони денари. Со овие инвестиции, подвлекува, водата од браните се користи рационално и нема да има непотребно излевање посебно во сушни периоди. Бенефиции од модернизираните затворачи ќе има и месното население кое водата ја користи за наводнување на полињата.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он