Во две сообраќајки во тетовско повредени седум лица

Од:

Во две сообраќајки што попладнево се случиле на патиштата во тетовско повредени се вкупно седум лица информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Во сообраќајката што околу 14 часот се случила на регионалниот пат Пирок-Тетово, на уличка што водела кон селската џамија во Синичане, се судриле Мерцедес со тетовски регистарски таблички управуван од А.Р.(19) од Жеровјане и Поло исто така со тетовски таблички управуван од А.А.(52) од Боговиње. При тоа возачот и еден сопатник од Полото како и четворица сопатници од Мерцедесот се здобиле со телесни повреди и сите биле префрлени во тетовската клиничка болница каде била укажана лекарска помош.

Во втората сообраќајка со потешки повреди односно повеќе скршеници се здобил моторциклистот Ј.М.(35) од Градец при судирот со Пежо со тетовски регистарски таблички управувано од М.Б.(63).

Несреќата се случила околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат во тетовското село Боговиње. Повредениот моторциклист бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде поради сериозноста на повредите како и итен случај бил префрлен во скопските клиники.

По овластување на јавниот обвинител увид на местото од двете сообраќајки вршат екипи на СВР Тетово односно Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај по што треба да се утврдат причините и се друго поврзано со овие две несреќи.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он