Во два пожара во тетовско, штета од 520 илјади денари

Од:

Два пожара што избувнале вчера од засега неутврдени причини на две места во тетовско предизвикале материјална штета од околу 520 илјади денари, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Првиот пожар избувнал вчера околу 14 часот од засега неутврдени причини во куќата на тетовецот Г.К. (51) на улицата „176 “ во Тетово.

– Од огнот целосно изгорела дневната соба на приземјето со комплетниот мебел и електрични апарати, а оштетен е и ходникот на објектот. Нема повредени зашто малолетниот син на сопственикот на куќата брзо ја напуштил собата во која претходно спиел. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот е локализиран и спречено е негово прошиорување. Извршен е увид и се расветлува причината за пожарот додека вкупната материјална штета се проценува на 400 илјади денари, изјави Јосифовски.

Исто така, од засега неутвтрдени причини вчера околу 4 часот избувнал пожар и во плевната на 57-годишниот Н.Н.(57) во тетовското село Одри. Во огнената стихија целосно изгорел објектот и 250 бали сено што се наоѓале во неговата внатрешност.

– По извршениот увид се расветлуваат причините, околностите во кои се случил пожарот и се друго а материјалната штета се проценува на 160 илјади денари, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

Локализиран е пожарот во близина на Римскиот аквадукт кај Скопје, при гаснењето дошло до инцидент, па реагирала и полицијата

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци