(ВИДЕО) Рашковски: Во Државниот секретаријат биле вработени 600 лица кои земале плата, а не доаѓале на работа

Од:

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски обвини дека поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски со вработување на 600 лица во Државниот секретаријат кои земале плата, а не оделе на работа го оштетил буџетот на Република Македонија за 824 илјади евра.

Како што информираше Рашковски вработените лица во Државниот секретаријат имале обврска да доаѓаат еднаш во неделата само за да се потпишат дека биле присутни на работното место, а останатите четири дена немале никакви обврски.

-За да бидат работите пострашни, користеле годишен одмор, платено отсуство, биле фиктивно оценувани за својата работа и добивале една иста оцена – 3 поради тоа што според закон со добивање средна оцена хиерархиски не одите ниту горе ниту долу, останувате на иста позиција, вели Рашковски.

Тој исто така информираше дека од 2015-та година, односно откако опозицијата во јавност ги пушти „бомбите“, бројот на вработените кои не доаѓале на работа во Државниот секретаријат драстично се намалува, односно од 600 бројката се спуштила на 60 вработени кои земале плата без да одат на работа.

Овие 60 лица, како што вели Рашковски, се уште доаѓаат на работа, но одбиваат да ги извршуваат своите работни задачи.

Генералниот секретар изјави дека се поведени дисциплински постапки против овие 60 лица како и дека ќе биде поднесена кривична пријава против поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски