А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во дом на скопјанец пронајдени 33 стебла канабис

by А1он02/06/2018 - 13:35181
Share0

Кривична пријава заработи дваесет и шестгодишен скопјанец за производство и трговија со дрога. При претрес во неговиот дом биле пронајдени 33 расадници канабис и над половина килограм марихуана.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти МВР Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство–Скопје против М.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 30 мај 2018 година, по претходно добиени оперативни сознанија, а врз основа на наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, извршен бил претрес во домот кај осомничениот при што пронајдени биле: една црна пластична тегла во која има: една поголема полиетиленска паковка со непозната растителна материја, шест помали полиетиленски паковки со непозната растителна материја, 33 растенија засадени во мали саксии, една полиетиленска кеса во која има девет поголеми пакувања со непозната растителна материја, како и неколку таблети розева боја во форма на срце, две дигитални ваги со остатоци од непозната материја и други предмети.

Пронајдените предмети со потврда биле одземени од М.К. и по наредба од Јавен обвинител биле доставени на вештачење во ОКТИВ во МВР на РМ. Истовремено во консултација со Јавен обвинител, М.К. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Следете a1on на Youtube YouTube

По извршеното вештачење на пронајдениот и одземениот доказен материјал било утврдено дека растителниот материјал од пакувањата со вкупна нето маса од 552,16 грама претставува марихуана, 33-те растенија припаѓаат на растителниот род Канабис, активната компонента од седумте таблетипретставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (МДМА), а на површината на двете дигитални ваги се констатирани остатоци од марихуана.

droga

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео