Во Дојран манифестација „Сите на велосипед“

Од:

Стар Дојран денеска беше домаќин на манифестацијата „Сите на велосипед“, којашто се одржа во рамки на акцијата „Мај месец на велосипедисти“.

На промоцијата на велосипедизмот масовно се одѕваа велосипедисти од Дојран и соседните општини од југоисточниот дел на земјата, кои учествуваа во трката што се возеше на рекреативната патека од црквата „Свети Илија“ до граничниот премин „Дојран“ во должина од 3,5 километри.

– Афирмацијата на велосипедизмот со посредство на вакви акции има за цел помасовно вклучување на сите возрасни категории граѓани во спортските активности како и подигнување на нивната свест за користење на ова превозно средство кое не ја загадува животната средина и, воедно, е особено корисно од здравствен аспект, изјави градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

Акцијата што веќе неколку години успешно се спроведува низ повеќе градови во земјата, годинава прв пат се одржа во Дојран во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи, општина Дојран и Велосипедската федерација на Македонија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран