А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Дојран ќе биде одбележан Светскиот ден на птиците преселници

by А1он11/05/2014 - 09:31140
Share0

Група средношколци од Дојран и околината заедно со локалното население денеска со туристичка прошетка околу Дојранското Езеро ќе го одбележат  Светскиот ден на птиците преселници.

Добивај вести на вибер

Учесниците на настанот ќе бидат информирани за значењето на птиците преселници и потребата за нивна заштита.

Годинава  по повод Светскиот ден на птиците преселници ќе се организираат над 200 јавни настани низ целиот свет и тие ќе вклучуваат фестивали за птици, едукативни програми и екскурзии. Оваа година темата на светската прослава е „Птиците преселници и туризмот“ и ги истакнува врските меѓу заштитата на птиците преселници и развојот на локалниот еко-туризам.

– Дојран е препознаен како клучно подрачје за биолошка разновидност и спектакуларните движења на птиците преселници може во иднина да привлечат туристи од земјава и странство. Оваа општина има голем потенцијал за развој на еко туризам кој ќе вклучува набљудување и фотографирање на птици, активности кои ќе бидат корисни за дивиот свет, локалното население и туристите, изјави Ксенија Путилин, асистент на проектот за едукација и градење капацитети на Дојранското Езеро од Македонско еколошко друштво.

Одбележувањето на  Светскиот ден на птиците преселници го организираат Македонското еколошко Друштво (МЕД) и општина Дојран.

dojran

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање на излезите за Грција и на влез од Србија

Катерина Ѓуровски03/08/2025 - 13:11

Ангелов: Дејствуваат два „Ер трактори“, пожарот во Дојран до крајот на денот ќе биде под контрола

Горан Наумовски15/07/2025 - 16:2415/07/2025 - 20:30

Пожарот кај селото Николиќ во општина Дојран се прошири и на грчка страна

Горан Наумовски09/07/2025 - 18:52

Грција испрати два „канадери“ и пожарникари да помогнат во локализирање на пожарот кај Дојран

Горан Наумовски09/07/2025 - 17:5309/07/2025 - 18:01

Ангов: Потребна е воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село Николиќ

Горан Наумовски09/07/2025 - 16:50

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Горан Наумовски01/05/2025 - 12:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен