Во ДИК за гласање на изборите пријавени 2.099 македонски граѓани од странство

Од:

Заклучно до 14 часот денеска вкупно 2.099  граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство преку електронската апликација на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле за гласање за претстојните предвремени избори.

Од нив, како што соопшти денеска ДИК, прифатени се 1.413 пријави, 61 се одбиени, а 625 се во обработка.

Од Државната изборна комисија соопштуваат дека пријавувањето за гласање за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии ќе трае до 11 ноември 2016 година.

Пријавувањето може да се врши преку електронската апликација ставена на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk.

Државната изборна комисија ги известува граѓаните дека документи кои се прифаќаат како потврда за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година се лична карта, издаденa од надлежен орган на странска држава, со коja се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, потврда издадена од надлежен орган на странска држава, за живеалиште, престој или адреса на лицето во странската држава, дозвола за работа издадена од надлежен орган на странска држава, работна, студентска или виза за престој над три месеци во странска држава, возачка дозвола издадена од надлежен орган на странска држава, во која е наведено дека лицето има живеалиште во странската држава, македонски дипломатски пасош или друг документ со кој се докажува дека лицето е вработено во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство односно конзуларните канцеларии, и друг документ со кој се докажува дека лицето е на привремен престој во странство повеќе од три месеци, или на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар