Во ДИК се пријавиле 1.224 граѓани со спорни записи

Од:

До 13:00 часот, денеска до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 1.224 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Како што соопшти ДИК, од нив 387 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 837 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на Државната изборна комисија.

Според објавената табела, најголем дел од пријавите се од жители од општина Чаир  – 255, следат општина Аеродром – 90, општина Центар – 83, општина Тетово – 78 и 64 пријави од граѓани од општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа