ВИДЕО: Во ДИК недостасуваат 282 прашалници од теренската проверка

Од:

282 прашалници од теренска проверка не се доставени од страна на анкетарите, велат од Државната изборна комисија.

Според резултатите во Велес и Крива Паланка недостасуваат по 5 прашалници, во Гостивар 15, во Карпош 23, во Чаир 71, во Штип – 1, а најмногу во Куманово, каде недостасуваат 114 прашалници. Во Тетови и Гази Баба има разлика помеѓу прашалниците и е-базата.

Во Тетово физички недостасуваат 33 прашалници, а во е-базата недостасуваат 9. Во Гази Баба физички недостасуваат 17 прашалници, а во е-базата 5.

Според претседателот на ДИК, Александар Чичаковски не треба да се прави драма, бидејќи по усвојувањето на извештајот, анкетарите ќе треба да го образложат губењето на прашалниците.

За спорните бројки жестока дебата се водеше помеѓу Виолета Дума и Силвана Бонева.

Според Дума, разликата на бројките од физичките прашалници и внесените информации во е-базата прави огромен сомнеж.

Силвана Бонева на тоа одговори дека Државната изборна комисија имала проблем, бидејќи недостасувале информациите од само три општини, но откако и тие биле комплетирани, е-базата, која анкетарите веднаш требало да ја полнат, била празна.

Фала што ми ја повторивте постапката на состанокот на кој бев присутна. Не искажав сомнеж во нашата служба, туку само сомнение на податоците кои се разликуваат. Немојте да ми држите предавања, знаеме дека стварно беше хаос. Затоа ИТ експертите работеа 2 дена и 2 ноќи, бидејќи навистина беше хаос, рече Дума.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа