Во Детроит потврда на предностите за инвестирање во Македонија

Од:

Владиниот тим, предводен од премиерот Никола Груевски, на првиот ден од економската презентација во САД, ги претставија предностите за инвестирање во Македонија пред 60-ина компании од автомобилската индустрија во Детроит. Првите луѓе на познати брендови од таа индустрија слушнаа и лични искуства од инвеститори што веќе работат на македонскиот пазар.

– Презентацијата помина одлично според зацртаниот план. Детроит е град на автомобилската индустрија така што голем дел од нив беа претставници на секторот автомобилска индустрија или делови на автомобили или нешто слично на тоа. Владиниот тим го даде максимумот, ја претставивме Македонија во вистинско светло, во реално светло. Ги истакнавме сите предности за инвестирање во Македонија, изјави премиерот Груевски по презентацијата.

Свои видувања за македонската бизнис клима пред бизнисмени од автомобилската индустрија во Детроит  изнесоа и првиот човек на канадскиот гигант „Нортел“ и основач на проектот „Македонија 2025“ Мајк Зафировски,  но и претставници на компаниите  присутни со свои инвестиции во Македонија „Кемет електроникс“  и „Џонсон Контролс“ од Америка и „Џонсон Мети“ од Британија.

Нивните излагања, оцени премиерот Груевски, се особено значајни со оглед на тоа што Зафировски е многу познат како успешен менаџер во бизнис-круговите во Америка, а веќе присутните инвеститори во Македонија влеваат дополнителна доверба  и потврда за тоа што го нуди македонската Влада.  – Кога нивни претставници практично ги кажуваат работите што Владата ги кажува, ги потврдуваат, ги дообјаснуваат, тоа навистина влева една поголема доверба кај инвеститорите,  посочи Груевски, изразувајќи задоволство што првото доаѓање во Детроит поминало успешно.

Според Зафировски, секоја наредна презентација за Македонија нуди  поголема софистицираност на предлози и со подобрените референци од компаниите како „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ ја прават поатрактивна за инвестирање.  – Бев многу импресиониран од оваа конференција, петта во последните пет години, каде нивото на софистицираност на нашите предлози значително се зголеми. Но, исто така, е добро да се види дека референците од „Џонсон Контролс“ и „Џонсон Мети“ се подобрени што ја прави Македонија поатрактивна за инвестирање, рече Зафировски.

Состојбата во економијата во Европа моментно не е многу позитивна и тоа според него и дава можност на Македонија да привлече инвеститори бидејќи е многу важно да се биде на локација што не нуди само ниски трошоци, туку и ги задоволува деловните потреби на компаниите.

Следна дестинација од втората економска презентација на македонскиот владин тим оваа година во САД, е Хјустон, по што ќе следат и претставувања на деловната клима и предностите за инвестирање во Македонија во Лос Ангелес и во Сиетл.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on